Ја спасувале со хеликоптер: Девојка паднала од Титов врв

Страшна несреќа се случи во текот на вчерашниот ден на Попова Шапка, поточно на Титов Врв.

Полицијата денеска информира дека во 13 часот и 25 минути било пријавено дека на планината Попова Шапка на Титов Врв на местото „Бакардан“, женско лице се лизнало и паднало во дол, при што се здобило со повреди.

За среќа, девојката не била во животна опасност. Се работи за 34-годишната Д.Д.П. која со хеликоптер е пренесена во болницата „8-ми Септември“-Скопје за укажување на лекарска помош.