Балкан

Ја срушил куќата зошто немал пари за хипотеката, па ја истоварил пред банката

Ја срушил куќата зошто немал пари за хипотеката, па ја истоварил пред банката

Бугарин последните пари кои ги имал ги вложил во рушење на својата куќа, бидејќи веќе не можел да ја отплаќа хипотеката.

Но, бидејќи земјиштето на кое се наоѓа куќата не е под хипотека, семејството се одлучило да превземе драстичен чекор. Тие ја срушиле куќата и целиот отпад го истовариле пред банката во градот Тетевен.

Пред истоварот, Бугаринот и неговото семејство влегле во банката и го молеле директорот да не им ја земе куќата, но откако тој кажал „не“ целиот градежен материјал го истовариле пред банката.