Ја убил со клоци и боксови: Детали за убиството во скопско Пржино

Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп
Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп

Вистинска трагедија се случила вчера околу 14 часот во скопската населба Пржино. Како што дознава Press24 од извори во истрагата, вчера околу 14 часот во полиција било пријавено дека 77 годишната Елица Ј. е пронајдена мртва.

Полицијата веднаш излегла на терен. При првичниот увид констатирано е дека на телото на старицата има траги на насилство. Според првичните и се уште неофицијални информации, не станува збор за рани од огнено оружје па нашиот извор од исрагата претпоставува дека жената е убиена со клоци и со боксови. Сепак, ова е неофицијална информација, а обдукцијата ќе покаже кои се причините за смртта на старицата.

Полицијата привела еден осомничен. Како што неофицијално дознава Press24 во полиција се наоѓа синот на убиената Елица роден 1967 година.