Ја убил својата 48 години помлада девојка

Седумдесет и две годишниот старец ја убил својата 48 години помлада девојка. Предраг П. од околината на Чачак Србија осомничен е дека денес во Краљево ја убил келнерката Ивана И. (24), соопшти денес Полициската управа во Краљево, пренесува српски „Курир“.

Ја убил својата 48 години помлада девојка и побегнал

Ја убил својата 48 години помлада девојка и побегнал
Ја убил својата 48 години помлада девојка и побегнал

Во соопштението од полицијата се вели дека нешто по 15 часот биле пријавени истрели од огнено оружје во кафулето „Кватро“ во центарот на Краљево, по што осомничениот побегнал во патничко моторно возило БМВ во правец на Чачак.

Предраг П. И убиената девојка се од селото Катрага во близина на Чачак.

По неполни 15-тина минути полицијата го пронашла 72-годишниот старец и го уапсила. Нему му е изречена мерка притвор од 48 часа, а потоа ќе биде изведен пред надлежното обвинителство.

Како што дознава „Курир“ жртвата и убиецот биле во љубовна врска.