Анонимни уценувачи со порака по електронска пошта до чешките функционери и се закануваат на целата земја со опасниот вирус ебола.
„Ако не ни исплатите еден милион евра во биткоини, на јавните места во Чешка ќе пуштиме ебола, која ја донесовме директно од Либерија! Ако не одговорите на овој мејл, ќе испратиме соопштение до медиумите и ќе ги информираме луѓето на социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук и Јутјуб, за да видат дека чешката Влада воопшто не се грижи“, стоело во пораката.
Функционерите добиле инструкции парите да ги поделат на три уплати – првата в понеделник, втората в среда, а третата – откако заканувачите ќе го предадат заразениот материја.
Чешката полиција тврди дека не излегле во пресрет на барањата на уценувачите и дека не ги сфатиле сериозно.
-Го истражуваме овој случај како уцена. Но, тие само сакаат да создадат паника – вели заменик-шефот на чешката полиција Зденек Лаубе.
Детективите на чешката полиција откриваат дека уценувачите користеле софистициран систем за комуникации и оти е тешко да им се влезе во траг. Доколку сепак ги пронајдат, на уценувачите им се заканува затворска казна од 10 години.