Македонија,Крими хроника

Ја уценувал поранешната девојка со секс снимки

Ја уценувал поранешната девојка со секс снимки

Дваесет и двегодишниот К.А. од Делчево доби кривична пријава бидејќи ја уценувал поранешната девојка со видео снимки со непристојна порнографска содржина.

Тој и се заканувал дека ќе објави видео клип кој бил снимен додека биле во љубовна врска и фотографии со непристојна порнографска содржина доколку не ја продолжи љубовната врска со него. Откако оштетената го одбила, прво и побарал 100 евра, а потоа ја зголемил сумата и побарал 300 евра со цел да не ги објави клипот и фотографиите кои ги поседувал. Откако оштетената претходно го пријавила случајот во полиција и каде шест банкноти  во апоени од по 50 евра биле технички обработени отишла пред куќата каде ја пречекал пријавениот давајќи му ги банкнотите, по што од страна на полициските службеници извршен бил претрес во домот на пријавениот и се пронајдени истите.