Ја уценувана со порно снимки, му платила 300 франци и го пријавила

СВР Тетово поднесе кривична пријава за И.С. (35) од с. Вешала – Тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена.

Пријавениот во текот на 2016 година со цел да се здобие со противправна имотна корист ја уценувал оштетената Л.А. (21) од Тетово, со која бил во љубовна врска, дека преку социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии, а, исто така, и преку останатите друштвени мрежи испраќал порака со заканувачка содржина и дека ќе објавувал нејзини фотографии се додека не му даде 300 швајцарски франци.

По ова, пријавениот отворил нов профил на „Фејсбук“ со нејзино корисничко име каде што објавувал нејзини фотографии со компромитирачка содржина за што на 28.3.2016 година, со цел да престане со уценување од страна на мајката на оштетената му биле дадени 200 швајцарски франци, а на 1.5.2016 година пријавениот успеал да ѝ одземе уште 100 швајцарски франци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.