Ја удирав со раце и нозе додека не престана да дише!

Чедомир Ѓуриќ (66) од српското село Салаш брутално ја претепа и уби младата девојка Драгана Ќириќ (18) од истото село, а додека се уште давала знаци на живот ја натерал да се напие смртоносен раствор – солна киселина. Потоа телото го фрлил во езеро.

Ја повикав Драгана да разговараме, сакав да ја убедам да престане да се гледа со други момчиња. Дојде до кавга и почнав да ја удирам. Престанав кога таа повеќе не се мрдаше.

1

Ова, како што неофицијално дознава српски „Курир“, го рекол 66-годишниот Ѓуриќ на сослушувањето во полиција која завачера го уапси поради бруталното убиство на матурантката Драгана, чие тело е пронајдено во Глоговачкото езеро. Наводно тој бил во врска со тинејџерката, а мотивот за злосторството е љубомора.

Како што дознава весникот, Драгана Ќириќ починала во најтешки маки.

– Телото беше деформирано. Утврдено е дека солната киселина буквално и ги уништила внатрешните органи. Имала голема мака бидејќи била жива додека ја голтала солната киселина – вели соговорник од истрагата.

Ѓуриќ бил заљубен во Драгана која била матурантка во Економското училиште и живеела во интернат во Зајечар. Постојано и купувал подароци, но проблемот настанал кога девојката започнала да се гледа со други момчиња.

– Ја повикав за да и објаснам дека веќе не треба да се гледа со други. Сакав само со мене да го поминува времето. Се расправавме. Ми го искрши телофонот и збеснав, па и удрив шлаканица. Таа скокна врз мене. Се избезумив и почнав да ја удирам со тупаници, а потоа и со нозе додека се уште даваше знаци на живот – признал Чедомир.

После тоа го фрлил телото во езерото.

Сопругата на Чедомир, пак, тврди дека тој е невин и вели дека Драгана била негова миленичка.

4

– И купувавме се што ќе посакаше. Немаме деца, а Чедо посебно ја сакаше. Но, кога почна се се мота со момчиња, беше дрска спрема нас, не избегнуваше и не нарече цигани. Нејзините момчиња почнаа да го прогонуваат Чедо, е еден од нив и го натепа – раскажува сопругата Милосава.

Таа уверува дека нејзиниот сопруг не невин и дека „тоа го направиле нејзините момчиња“.

– Соругот ми рече: „Ќе признаам се, само да ме тепаат“. Ако не што кажал, тоа е поради што е болен и не трпи удари. Стравувам дека некое од момчињата ќе ме нападне. И нејзиниот очув Драгиша се закануваше дека ќе фрли бомба на нашата куќа- вели Милосава.

5

Дечкото на Драгана, Милан Митиќ, раскажува дека последна порака му испратила во понеделникот околу 14 часот.

– Со драгана бевме заедно од 7 јули годинава. Врската беше сериозна. Дури и нејзиниот татко не советуваше да се стапиме во брак кога таа ќе заврши средно школо – рекол Митиќ.