Ја удрил со тупаница и и’ го украл телефонот

Скопјанка биле нападната додека се шетала со нејзината внука, а напаѓачот и го одзел телефонот.

Вчера околу 17.30 часот во Скопје  на ул. „Виничка“, М.А. пријавила дека, додека се движела  нејзината внука,  од страна на непознат сторител и било извршено разбојништво.

Сторителот  ја удрил со тупаница во грбот, од што паднала и истиот и одзел мобилен телефон. По извршување на делото сторителот побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за  пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.