Ја заклучила сестра си во соба и ѝ се заканувала со убиство

Возрасна тетовчанка ја заклучила во една од собите својата сестра заканувајќи ѝ се по животот, додека на нејзината ќерка ѝ ја заклучила влезната врата од станот и не ѝ дозволувала да влезе внатре.

Шеесетгодишната тетовка Л.П. во неделата вечерта пријавила дека нејзината сестра две години повозрасна сестра А.П., со која живее во заеднички стан, психички ја малтретирала.

А.П. била приведена и задржана во СВР Тетово за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител Тетово. Против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од полицијата.