Ја застрелал сопругата, па се фрлил од тераса

Прилепчанец ја застрелал својата сопруга со пиштол, а потоа се фрлил од балконот во зградата во која што живееле, денеска во Прилеп.

Според првичните информации од прилепското јавно обвинителство, немилиот настан се случил во населбата Димо Наредникот. Случајот бил пријавен од минувач кој го забележал безживотното телото на М.Н. (81) под балконите од една од зградите.
Откако бил идентификуван починатиот полицијата влегла во неговиот стан во зградата каде ја пронашле мртва неговата сопруга И.Н. (78) со прострелна рана во главата.
Полицијата работи на расветлување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.