Ја застрелал сопругата, па се обидел да се самоубие

Педесет и осум годишниот Радомир Ѓорѓевиќ по куса расправија во семејната куќа во Содерце, Врање со ловечка пушка ја усмртил својата 54-годишна сопруга Бранка.

Според информациите од полицијата убиството се случило во неделата околу 15:30 часот, кога Радомир со пушката за која имал дозвола пукал во сопругата и ја усмртил на лица место, по што се обидел да се самоубие.

Причината за убиство се уште не е позната, но наводно Радомир должел голема сума на пари.

Мажот е пренесен во болницата во Врање и се бори за живот. Со Бранка имале две возрасни деца, оженет син и мажена ќерка.