Јаболки во пудинг од цимет

За да ги подготвите овие вкусни јаболка во пудинг од цимет потребни ви се:

-4 јајца,

-200 грама брашно;

-180 грама растопен маргарин;

-150 грама шеќер;

-2 кесички ванилин шеќер;

-2 лажици прашок за пециво;

-2 лажици какао;

-3 јаболки;

-3 лажици сок од лимон

За филот ви се потребни:

-2 пудинга од ванила,

-700 милилитри млеко,

-6 лажици шеќер,

-1/2 лажица цимет.

Начин на подготовка:

Јаболките исечете ги на коцки и посипте ги со лимонов сок и лажичка шеќер.

Јајцата изматете ги пенесто со шеќер и додадете го растопениот маргарин, брашното и прашокот за пециво. Поделете ја смесата на два дела, па во едниот додајте какао и 2-3 лажици млеко. Во тава со големина 20х30 ставете го делот без какао. Јаболките распоредете ги по жолтиот дел на смесата. Пудингот кој го зготвивте и во кој додадовте цимет, распоредете го по јаболките. Потоа одозгора ставете го црниот дел и печете на 170 степени околу 40 минути.