Јацењук и Бридлав разговараа за ситуацијата во Украина

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук и командантот на воените сили на САД во Европа и главен командант на вооружените сили на НАТО генерал Филип Бридлав разговараа денеска за ситуацијата во Украина, јави ТАСС, пренесе МИА.

Јацењук и Бридлав разговараа за воено-техничката соработка меѓу Украина и Алијансата, како и за поддршката за реализација на реформите во сферата на одбраната.

На средбата Јацењук ја потврдил подготвеноста на Киев за проширување на формата на соработка со НАТО, додека Бридлав дал висока оценка за украинско-американските односи во воено-техничката сфера.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.