Свет

Јаценјук: Никој не го оспорува рускиот јазик во Украина

Јаценјук: Никој не го оспорува рускиот јазик во Украина

Во Украина никој не го оспорува правото на граѓаните слободно да го користат рускиот јазик, изјави привремениот премиер Арсениј Јаценјук во телевизиското обраќање до жителите на јужните и источните региони на земјата, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Законот за јазиците е функционален. Вршителот на должноста претседател, Александар Турчинов со моја поддршка како премиер донесе одлука да го остави законот за јазиците, донесен во 2012 година. Рускиот јазик во сите области каде преовладува рускојазично население, има статус на регионален. Тој е со такви можности и права како украинскиот„, истакна Јаценјук .