Јацењук реизбран за премиер на Украина

Арсениј Јацењук со огромно мнозинство на новиот украински Парламент денеска беше реизбран на премиерската функција.

Кандидатурата на Јацењук беше поддржана од 341 пратеник, двајца беа против, а седуммина воздржани.

Новата Врховна рада, која беше избрана на 26 октомври и во неа доминираат прозападни политички сили, денеска ја одржа првата седница.