Јацењук: Украина има намера по секоја цена да ја преземе контролата во Донбас

Украина има намера да го врати мирот и да ја превземе контролата во југо-источниот регион Донбас, по секоја цена, изјави денес премиерот на Украина Арсениј Јацењук, пренесе ТАСС.

Тој рече дека во Доњецк и Луганск треба да се одржат локални избори.

-Изборите треба да бидат искрени и демократски, инаку ќе бидат бескорисни, изјави Јацењук.

ФОТО: ТАСС