Балкан

Јадранско – јонскиот автопат повторно се актуелизира

Јадранско – јонскиот автопат повторно се актуелизира

Изградбата на јадранско – јонскиот автопат е од заеднички интерес на Црна Гора, Хрватска, Албанија и БиХ, се согласија премиерите на четирите држави.

– Проектот на јадранско-јонскиот автопат е од заеднички интерес на сите четири држави кои сè уште не е остварен, а е важен и за Хрватска како еден континуитет на правец кој го поврзува регионот, и за Црна Гора и за Албанија и за БиХ, но и за Косово – рече Милановиќ по состанокот со премиерите на БиХ, Албанија и Црна Гора, Вјекослав Беванда, Еди Рама и Мило Ѓукановиќ.