„Јагуар“ ќе губи 1,2 милијарди фунти годишно поради Брегзит

Извршниот директор на „Јагуар Ленд Ровер“, Ралф Спит ја предупреди владата дека „тврдиот“ Брегзит би можел да им предизвика големи финансиски загуби поради кои многумина би останале без работа, пренесува ББЦ.

Шефот на најголемиот производител на автомобили во Велика Британија веќе претходно предупреди за можните ефекти на Брекзит врз автомобилската индустрија и неговата компанија. Поконкретно, рече дека погрешните одлуки во текот на преговорите за Брегзит би можеле да резултираат со „најлошите времиња“ за Велика Британија, а „Јагуар“ би го чинело повеќе од 1,2 милијарди фунти.

Според него, било каков спор во врска со границите претставуваат ризик за работењето на компаниите, а по Брегзит може да се намали производството на компанијата во Велика Британија поради што би бил присилен да ја пресели во друга земја, како на пример, Полска, каде што тоа е поевтино производството на автомобили.

Би сакале да останеме во Велика Британија, тоа е нашиот дом. Но лош договор за Брегзит ќе го чини повеќе од 1,2 милијарди фунти годишно, што е страшно, бидејќи ни го брише профит и ги уништува инвестициите во автономни возила и возила со нулта емисија, објасни шефот на компанијата од чиј успех, директно или индиректно, зависи околу 250.000 луѓе во Велика Британија.