Јахјага денеска одлучува за датумот за избори на Косово

Косовската претседателка Атифета Јахјага би требало денеска, еден ден по распуштањето на Собранието да донесе одлука за датум за одржување на предвремените паралементарни избори.Таа по овој повод, се консултирала со лидерите на парламентарните партии, пренесуваат приштинските медиуми.

Претседателката на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа, Демократската партија на Косово на Хашим Тачи и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај во разговор со Јахјага се заложиле изборите да се одржат на 8 јуни.Според познавачите на приликите во Косово, 8 јуни и најверојатно ќе биде денот кога ќе бидат одржани предвремените избори на Косово.

Собранието на Косово има вкупно 120 пратеници. Во новиот состав на парламентот, Србите ќе имаат 10 загарантирани места, а уште 10 ќе бидат загарантирани за останатата албанска заедница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.