Јахјага: Инцидентите не се во прилог на стабилноста во регионот

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага во првата реакција за денешниот инцидент во Гошинце вели дека на регионот му е потребен мир, пренесува МИА.

– Вакви инциденти никому од соседните земји не му се во прилог, посебно на овој дел од Западен Балкан. Сега секој е држава, создадена според сопствените уставни и законски рамки, фунционирајќи добро и ние секогаш треба да инсистираме на промоција на мирот и стабилноста на граѓаните, изјавила Јахјага во емисијата „Инфо магазин“ на телевизијата Клан Косова.

Коментирајќи ги случувањата во Македонија Јахјага рекла дека Косово е пример на мирот и меѓуетничката толеранција.

– Ние живееме во век на интеграции. Косово и другите земји, се пример на толеранција и не само меѓу заедниците, тоа е најдобар пример. Ние треба да се откажеме од националистичките агенди бидејќи веќе видовме во изминатите декади какви болни последици предизвикаа кај нашите граѓани, изјавила Јахјага.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.