Јахјага ја поддржува истрагата за трговија со органи

Претседателката на Косово Арифете Јахјага денеска со главниот тужител на специјалниот тим за истрага за наводите за трговија со органи на Косово Клинтон Вилијамсон, изразила полна поддршка за неговата работа, пренела приштинската „Коха диторе“.

Шефот на мисијата на Еулекс на Косово Бернд Борхард изјавил за овој весник дека Јахјага во текое на состанокот со главниот обвинител на тимот кој ги истражува наводите од извештајот на известувачот на Советот на Европа, Дик Марти ја изразила својата поддршка, како и поддршката на иституциите на Косово, за оваа истрага.

Детали од состанокот сеуште не се познати, а американскиот обвинител во текот на денот ќе се сретне со премиерот на Косово Хашим Тачи. Запрашан кога Вилијамсон ќе ги претстави резултатите од истрагата, Борхард рекол дека тоа ќе биде „многу брзо“.

Портпаролот на тимот на Вилијамсон Жоао Соса изјавил дека истрагата на големо трае и дека наодите ќе бидат објавени „во вистинскиот момент“. Врховниот обвинител Клинт Вилијамсон во текот на денешниот престој на Косово нема да претстави ниту еден извештај за својата работа, додава „Коха диторе“.

Наводите од истрагата можат да бидат и отфрлени, а ако истрагата резултира со покренување на тужба, нејзините резултати ќе бидат претставени на Специјалниот суд кој се очекува да биде формира.

Посетата на Вилијамсон доаѓа во момент кога би требало да објави дали ќе се затвори истрагата заради недостаток на докази или сепак нашол доволно докази да може да се покрене обвинение.

Приштинските медиуми претходно известија дека крајот на јули ќе претставува голем удар за Демократската Партија на Косово на Хашим Тачи и самото Косово, бидејќи ќе бидат покренати многу обвиненија како резултат на истрагата на тимот на Вилијамсон.