Балкан

Јахјага: ОСК немаат алтернатива

Јахјага: ОСК немаат алтернатива

Формирањето на Оружени сили на Косово е неопходност која ќе се случи во следните денови со гласање во косовското Собрание, вели претседателката на Косово, Атифете Јахјага.

„Во следните денови Собранието на Косово ќе расправа за уставни промени врзани за формирање на ОСК. Како во секоја демократија, така и кај нас тој процес не може да мине без спротивставени ставови. Во тој контекс, сакам да ги потсетам сите дека тој процес треба да заврши со формирање на наши одбранбени сили“, изјави Јахјага за време на посета на Безбедносните сили на Косово.

Претседателката на Косово вели дека формирањето на ОСК претставува „неопходност“ како и дека таа опција „нема алтернатива“.

Собранието на Косово во понеделник ќе ги разгледува уставните промени кои се однесуваат на трансформирање на БСК во Оружени сили на Косово. За усвојување на уставните промени неопходно е двотретинско мнозинство на пратениците во Собранието како и двотретинско мнозинство од пратениците од малцинствата.