Балкан

Јахјага: Партиските лидери да се договорат за формирање косовска војска

Јахјага: Партиските лидери да се договорат за формирање косовска војска

Косовската претседателка Атифете Јахјага ги повика денеска парламентарните лидери на партии да постигнат консензус за формирање вооружени сили на Косово и одржување предвремени избори.

 „Распуштањето на парламентот ќе биде почеток на процес со лидерите на политичките партии за одржување предвремени избори“, изјави таа по состанокот со претседателите на политичките партии.

Се очекува денеска на дневен ред на парламентот да биде распуштање на собранието, а утре Јахјага ќе почне со консултации со политички лидери за одредување датум за парламентарни избори.