Балкан

Јахјага: Уставниот поредок би се загрозил доколку друга инстанца формира Специјален суд

Јахјага: Уставниот поредок би се загрозил доколку друга инстанца формира Специјален суд

Косовската претседателка Атифете Јахјага изјави дека доколку косовските институции основаат Специјален суд тој нема да го загрози уставниот поредок на Косово,  пишува МИА.

– Уставниот поредок би се загрозил доколку се дозволи некоја друга инстанца да формира Специјален суд игноририрајќи ги косовските институци и кога тој би функционирал надвор од домашниот правен систем, рече Јахјага за весникот „Епока е ре“.

Во интервјуто Јахјага кажа дека е свесна дека независноста на Косово не ги исполни сите очекувања, бидејќи, според неа, изградбата на државата е мачен и тежок процес што бара трпение.

Јахјага додаде дека не треба да се заборави дека Косово и натаму е сиромашна држава, економски неразвиена, оптоварена со корупција и организиран криминал.

Што се однесува до миграцијата на населението таа смета дека овој процес се случи како последица на одлагањето на формирањето на нови институци.

-Факт е дека немавме институции, па одредени криминални групи најдоа начин да профитираат на сметка на граѓаните кои сакаа да си заминат од Косово, рече таа и додаде дека мора да се создаде правна држава во која младината ќе ја види својата перспектива и нема да сака да побегне од Косово.

Зборувајќи за правосудниот систем на Косово Јахјага кажа дека на Косово му требаат целосно независен правосуден систем врз кој нема да може да се влијае и кој во своите редови треба да има професионалци. Доколку не се воспостави правосуден систем на секој дел од Косово не може да се тргне ниту во процесот на визна либерализација, нагласи Јахјага.