„Јаху“ работел тајно за Владата на САД?

Јаху направиле специјален софтвер лани за да одговорат на доверливото барање на американската влада.

– Јаху е компанија што почитува закони и се потчинува на закони на САД, наведува таа компанија во соопштение доставено до Би-Би-Си.

Најновите наводи на сметка на Јаху следуваат десетина дена откако компанијата соопшти дека хакери украле податоци на голем број нивни корисници.

Едвард Сноуден поранешен американски разузнавач на тие непотврдени наводи реагираше на Твитер.

– Дали го користите @Јаху? Тие тајно скенирале се што некогаш сте напишале…затворете го својот налог уште денеска, напиша тој на Тивтер.