Јаја сака внимание од Сити и тренерска функција на Итихат

Димитри Селук, агентот на најдобриот фудбалер во дресот на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Јаја Туре, откри дека неговиот клиент по завршувањето на фудбалската кариера сака да има тренерска улога на “Итихат”.

“Нормално дека сака тренерска улога на “Итихат”. Исто како што Зидан доби шанса да му биде прв асистент на Карло Анчелоти. Зидан прво играше за Реал Мадрид, а потоа доби работа во клубот како помошен тренер. Сити има потреба од Јаја. Не сакаме нов договор, не сакаме повеќе пари. Се што сакаме е реално внимание. Јаја има потреба од поголемо внимание, мора да се чуствува среќен на “Итихат”. Тоа е најважно. Ќе повторам уште еднаш, нема потреба од нов долг договор, Јаја не сака поголема плата”, изјави Селук.