Јаја Туре флертува со ПСЖ

Најдобриот фудбалер во дресот на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Јаја Туре, призна дека му се допаѓа идеата во новата клупска сезона да го носи дресот на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.

“Знаеме какви се зацртаните цели на тој клуб и мислам дека не постои таков фудбалер на кој не му се допаѓа идеата да го носи дресот на францускиот гигант ПСЖ. Новиот шампион на Франција со право го има епитетот на еден од најдобрите клубови во Европа и нема да сокријам дека би ми било голема чста да го облечам дресот на ПСЖ. Таквиот трансфер би се реализирал само доколку ПСЖ има потреба од моите услуги”, изјави Туре кој пред неколку дена се закани дека ќе си замине од “Итихат”, затоа што никој од клупските челници не му го честитал 31 роденден.