Јаја Туре: Ќе победевме ако имавме добар судија

Стандардниот првотимец во дресот на Манчестер Сити, Јаја Туре е убеден дека неговиот тим сега ќе беше дел од 1/4 финалната рунда во Лигата на шампиони, ако на двата натпревара против Барселона, судиската правда ја делел некој пообјективен и подобар судија.

„Што научивме од двата натпревара против Барселона? Дека е потребен добар судија. Ако имавме добар судија, тогаш Манчестер Сити ќе беше дел од 1/4 финалната рунда во Лигата на шампиони. Сепак, јас сум искрен фудбалер и ќе кажам дека вината за елиминацијата мора да ја побараме во поразот на “Итихат”. Покажавме преголем респект, но сега е време да се фокусираме само на англиската Премиер лига,“ изјави одличниот играч за врска.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.