Спорт

Јаја Туре се поблиску до Интер

Јаја Туре се поблиску до Интер

Фудбалерот за врска на Манчестер Сити Јаја Туре ги договорил личните услови со Интер, па по завршувањето на сезоната би требало да се пресели на “Џузепе Меаца”.

“Спортмедиасет” тврди дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе потпише четиригодишен договор со италијанскиот тим кој ќе му обезбеди заработка од 18 милиони евра.

Интер на Манчестер Сити за овој фудбалер би требало да му плати 8 милиони евра на име на обештетување.

Туре, кој има договор со “Граѓаните” до 2017-та година на “Итихад” стигна во 2010-та година од Барселона за 26,5 милиони евра.