Јаја вети дека нема да мрдне од Итихат

Најзаслужниот за освоената титула во англиската Премиер лига, стандардниот првотимец во дресот на Манчестер Сити, Јаја Туре, стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата фудбалска иднина.

Одличниот играч за врска многу се налути откако клупските челници не му го честитаа 31 роденден, но и покрај честите шпекулации дека ќе ја промени клупската средина за време летниот преоден рок, Туре во вторниот откри дека ќе остане на “Итихат” што е можно подолго.

“Да, бев многу лут, но не толку за да си заминам од редовите на Манчестер Сити. Не ми беше лесно, бев во една многу тешка ситуација. Јас се однесував сосема нормално, си молчев. Јас го имам последниот збор, јас донесов одлука дека нема да си заминам од “Итихат”. Знам дека има и такви на кои не им се допаѓа мојата одлука. Мислам дека ја донесов вистинската одлука, Ќе останам во редовите на Манчестер Сити и тоа што е можно подолго”, изјави Туре.