Јакимовска: Зошто СДСМ до 2006 година не донесе Закон за утрдување на минимална плата?

Во Собранието на Република Македонија продолжува дискусијата по точката од дневниот ред на 67-та пленарна седница каде пратениците расправаат за предлог измените на Законот за минимална плата.

На почетокот од осмото продолжение на денешната седница, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Јакимовска даде свое излагање и изнесе низа аргументи во врска со предлог измените на Законот за минимална плата кои во Собранието ги поднесе пратеничката група на СДСМ.

Јакимовска прво истакна дека Законот за утврдување на минимална плата е донесен во 2012 година  и истиот од тогаш непречно се применува во Република Македонија.

За прв пат во Република Македонија се донесе Закон кој што дава неколку гаранции. Имаме одредени гаранции за исплата на плата согласно Закон. Исто така, закон на некој начин дава и гаранција за работното место“, потенцираше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Јакимовска.

Во продолжение од своето излагање пратеничката Јакимовска изнесе неколку аргуметни во врска со измените на законот предложени од СДСМ каде таа посочи дека всушност ова е лошо решение, поради тоа што како што нагласи таа, ваквото законско решение за изменување на постојниот закон за минимална плата, според неа, мора да се поднесува и изработува со претходни разговори, преговори, договори и на некој начин давање на согласност од Сојузот на синдикати и работодавачите од едноставна причина што овој Закон за нив е од голема важност и ќе мораат во иднина да го применуваат.

Во врска со предложените измени на овој закон, таа посочи дека зголемувањето на минималната плата од околу 1.000 денари како што предлага СДСМ е чист популистички потег и дека нема да ги реши финансиските проблеми на граѓаните односно работниците на кои што им се исплатува минимална плата. Носењето на овие измени би можело да предизвика сериозни проблеми за вработените кои што ја зимаат оваа плата бидејќи доколку работодавачите проценат дека неможат да ја исплатува платата која се предвидува со овие измени на законот и да дојде до отпуштање на работниците.

Дополнително, таа потенцираше дека ова законско решение предложено од страна на СДСМ е површно и дека ќе ги поткопа договорот на релеантните преговарачи односно Сојузот на синдикатите и претставниците на работодавачите.

На крајот, Светлана Јакимовска нагласи и ги запраша пратениците од СДСМ зошто до 2006-та година кога тие биле на власт, не успеале да донесат ваков закон со кој ќе се утврди и гарантите исплата на минимална плата и ќе се помогне на граѓаните на Република Македонија.