Јакимовски: Без програма не се доаѓа на власт

Екс сопартиецот на Зоран Заев, Стевчо Јакимовски му посочи на Зоран Заев дека од ништо не се плаши, ниту од снимките, ниту од нешто друго што тие имаат за него.

-Сакам да им порачам дека ниту се плашам, ниту било што имаат и прават незаконити дејствија со кои плашат 20.000 граѓани во Република Македонија. Јас не сум еден од тие што е уплашен од нивните снимки, вели Јакимовски.

Тој истакна дека изворот на информациите, односно Зоран Заев, вели дека само Мијалков и Груевски не се прислушувани на тие снимки, а секој ден ние слушаме снимки од нив двајца.

-Постојано имаме лавирање на информациите кои ги дава оној кој го соопштува овој материјал. Апсолутно не постои консеквентност и не постои една кредибилност на оној кој ги соопштува овие информации. Замислете вака- СДСМ 6 месеци вели дека нема да влезе во Парламент, 6 месеци најавува дека ќе фрли бомба. Сега 2 месеци објавува бомба и сака да дојде на власт без политичка програма, без економска програма, без било каква понуда кон граѓаните на Република Македонија. Јас сум длабоко убеден дека тоа ќе може да се оствари. Убеден сум дека граѓаните ќе ги препознаат ваквите намери и ќе ги верификуваат соодветно тогаш кога ќе треба, истакна градоначалникот на Карпош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.