понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 0

Јакимовски: Дали Спасовски и СДСМ преговараа со криминалци?

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, одржа прес конференција на тема за која како што истакна во изминатите неколку месеци ГРОМ како партија прва ја актуелизираше и ја информираше јавноста.

Jakimovski-pres-GROM

Поврзани вести

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, одржа прес конференција на тема за која како што истакна во изминатите неколку месеци ГРОМ како партија прва ја актуелизираше и ја информираше јавноста.

Станува збор за тоа дека поранешниот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, грубо ја лажеше македонската јавност дека хеликоптерите кои цел ден ја надлетуваат територијата над Скопје, Куманово и границата кон Косово се во потрага по мигранти.

Всушност, вистината беше дека во Македонија ноќта на 26 март во Република Македонија влезе 40 члена криминална група од Косово составена од роднини и другари на притворените од „Диво насеље“ . Тие имаа две цели: да нападнат некој од затворите и да ослободат неколкумина од другарите или пак да киднапираат видни граѓани од Република Македонија и членови на нивните семејства и со нив да бараат размена на притворените од „Диво насеље“, децидно истакна првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Осврнувајќи се на вчерашното обраќање до јавноста на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, лидерот на ГРОМ Јакимовски, истакна дека шефот на државата во однос на овој случај ја истакнал целосната вистина, со акцент на можноста од поголема дестабилизација на Македонија, и нарушување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Нашите сознанија говорат дека истата група имала 20- тина сандаци со муниција и оружје. Притоа, секој член од криминалната банда се знаеше со име и со презиме, а нашите безбедносни служби го имаа комплетното досие за секој од нив. Оттука ГРОМ прашува: Ќе одговори ли Оливер Спасовски, зошто на оваа безбедносна закана, не се даде наредба за акција на Единиците за брзо распоредување? Што се случи со оваа криминална група, односно зошто истата не е неутрализирана и не се наоѓа зад решетки? , побара повеќе одговори, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Лидерот Јакимовски, на крајот запраша и дали министерот Оливер Спасовски и неговата матична партија СДСМ преговарале со овие структури и каков договор имаат направено со ова криминално подземје?

Дали во власта влегоа да преговараат или да ги гонат криминалците, зошто и онака постојано устата им е полна со криминал? Сакаме МВР да ни одговори колку пари се потрошени за  оваа „воздушна екскурзија“ на Спасовски,  го заврши своето излагање пред медиумите претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Најчитани вести