Јакимовски: Економскиот раст не им одговара на оние што подготвуваат црни сценарија

Република Македонија оваа година чекори добро со економските параметри, таа е единствена земја во Европа која што предвува раст на БДП од 4,1 отсто, се  предвидува раст на индустриско производство, раст на извоз, раст на туризам. Очигледно е дека на некој однадвор не му одговара ваков развој на Р.Македонија и со помош на домашни сателити, јасно е дека тој авион македонски што се обидува да полета сака некој да го ракетира, меѓутоа користи домашни ресурси за тие ракети.

Ова го истакна претседателот на партијата ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ, Стевчо Јакимовски, во Дневникот плус на Канал 5.

Такви деструктивски, посочи Јакимовски, јасно е дека има, но во исто време сите останати прогресивни сили треба со политички средства да се спротивстават на ваквите обиди за насилно рушење на Власта во РМ.

-Нашата партија не поддржува насилно рушење на Власта во Р.Македонија затоа што тоа ќе внесе опасен преседант од којшто потоа најголема штета ќе има ат граѓаните на Р.Македонија, истакна тој.

Тој додаде дека граѓаните немаат верба дека таа група што сака насилно да ги руши институциите, потоа ќе направи стабилни институции во РМ и потенцираше дека мора да има политичка и судска разрешница за целиот овој случај.

-Јас сум длабоко удеден дека граѓаните на Р.Македонија не сакаат насилно сценарио и не сакаат крв по улиците на Р.Македонија, потенцираше  Јакимовски во вестите на Канал 5 телевизија.