петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 18

Јакимовски: ГРОМ е подготвена за избори на 5 јуни

ГРОМ е подготвена за изборите на 5 јуни и ја поддржува одлуката на Собранието за распуштање. Иако немавме разбирање за отстапките кои се правеа кон СДСМ, сметаме дека е добро што се толерираа, бидејќи конечно се разобличи намерата на Зоран Заев под никој услов да не одат на избори.

stevco-jakimovski

Последни вести

ГРОМ е подготвена за изборите на 5 јуни и ја поддржува одлуката на Собранието за распуштање. Иако немавме разбирање за отстапките кои се правеа кон СДСМ, сметаме дека е добро што се толерираа, бидејќи конечно се разобличи намерата на Зоран Заев под никој услов да не одат на избори.

Ова денеска на партиска прес-конференција го порача лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, кој потенцира дека Заев, на секое задоволување на негово барање, поставува ново, со цел да најде причина за одложување на изборите.

Ако Заев и СДСМ учествуваат на изборите ќе ги загубат, а потоа ќе следи смена на раководството на партијата и државата ќе продолжи да функционира во нормален тек. Понатаму, ќе нема никаква причина да испорачува барања ни до власта, ни до меѓународната заедница, и практично ќе нема никаква реална основа да ја вознемирува македонската јавност, посочи Јакимовски.

ГРОМ, потенцира Јакимовски, смета дека е сосема легитимно политичка партија да ги бојкотира изборите, но е неморално и неетички, лидерот на опозицијата два милиони граѓани да ги држи во заложништо.

Во своето обраќање до јавноста, Зоран Заев не кажа ниту една издржана аргументација за неучествувањето на изборите, и напомена само дека и понатаму ќе ја продлабочува кризата, рече Јакимовски.

Потсети дека во 1994 година, Љубчо Георгиевски и Петар Гошев одлучија да ги бојкотираат изборите, па ВМРО-ДПМНЕ четири години беше вонпарламентарна опозиција, а на изборите во 1998 победи и стана власт.

Оваа опција е отворена за СДСМ, и чесно е да ја соопштат отворено, а не и понатаму да се кријат зад т.н. неисполнети барања кои постојат само во нивните глави, и никаде на друго место, заклучи Јакимовски.

Најчитани вести