Јакимовски и Пандев заедно во Џенова

Македонскиот интернационалец Никола Јакимовски од ова лето ќе биде нов играч на италијанскиот калчолигаш Џенова, пренесоа италијанските медиуми. Јакимовски, всушност, во Џенова ќе игра заедно со најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев кој, исто така, од јуни од Галатасарај се враќа повторно во Италија.

Јакимовски во јануари стигна во Варезе од Јагодина, но со одличните игри веднаш го привлече вниманието на големите клубови од Серија А.

Како што е познато од претходно, во Џенова веќе со сигурност доаѓа и Горан Пандев. Според агентот на Јакимовски, Силвано Мартина, кој е агент и на Немања Видиќ, Џенова ќе биде идеална средина за македонските фудбалери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.