Македонија

Јакимовски: Има јасно признание за тоа кој прислушкувал

Јакимовски: Има јасно признание за тоа кој прислушкувал

Има признание од притворен во учесникот на оваа афера со судска завршница и правосилна пресуда и ние викаме не знаеме кој прислушкувал. Како може да не знаеме кога човекот си признал, рече Стевче Јакимовски во вчерашното гостување на Канал 5 телевизија.

– Јавноста треба да знае денеска нема физичко малтретирање во истражната постапка, значи се носат докази, еден доказ, два, три пет, десет и итн. соочен со доказите си ги консултираш фино лепо адвокатите, адвокатите ти кажуваат што ти следува согласно доказите што ги имаш, ти предлагаат решение кое што можеш да го искористиш, а тоа е да се договориш со обвинителот, ако си го признаеш делото за да евентоално се прифати поблага казна за да не се лежи во овој случај над 15 години затвор.Значи работата е јасна како ден. Колку што имам сознание дека и второто лице си го признава делото што значи дека ние во тој дел, од каде е изворот, од каде е нарачателот на ова преслушкување имаме потполно документиран податок за тоа кој тоа го правел, истакна екс-функционерот на СДСМ, Јакимовски.

Тој е длабоко убеден дека оваа судска разврска се води по сите стандарди на Европската Унија онака како што треба да се води и убеден е дека веројатно од сослушувањата има и аудио и видео снимки што очекува дека еден ден јавноста ќе може да го види целокупното судење и да се слушне точно кој е нарачателот.