Македонија

Јакимовски: Ќе изградиме забавен парк на кејот на Вардар

Јакимовски: Ќе изградиме забавен парк на кејот на Вардар

Ќе изградиме летно кино, целосно ќе го реконструираме постоечкиот скејт парк и ќе направиме ново детско игралиште со реквизити, како и парк за миленичиња, најави денеска Стевчо Јакимовски, кандидатотот за градоначалник на ГРОМ за општина Карпош при посетата на кејот на Вардар.

Тој напомена дека граѓаните од овој дел на Карпош со изградбата на забавно-рекреативниот центар ќе имаат одлична можност да се рекреираат и да се забавуваат.

– Сето ова го правиме за да создадеме една рекреативна целина, во која и повозрасните заедно со своите деца ќе можат да уживаат во содржината која ќе ја понуди овој рекреативен комплекс. Ова особено важи за граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4, но и за карпошани од другите населби и урбани заедници од територијата на локалната самоуправа, потенцираше Јакимовски.

Овој забавен парк, додаде, ќе се простира на кејот на Вардар, на потегот помеѓу урбаните заедници Карпош 3 и Карпош 4.