Јакимовски: Момчето од Муртино кое аболициран криминалец и митаџија во истрага држи во заложништво два милиони граѓани

Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, вели дека Зоран Заев ја држи во заложништво цела нација. Смета дека изборите треба да се одржат на 24-ти април годинава или во април 2018-та кога истите би биле редовни. Тој на денешната прес конференција испрати јасна порака – ако изборите не се одржат на 24-ти април годинава, следните парламентарни избори да бидат редовни, односно во април 2018-та година.

Јакимовски се обрати до премиерот Никола Груевски и до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Имате мнозинство во Парламентот и донесете одлука со која што ќе излеземе од оваа шизофрена ситуација. Или избори на 24-ти април или одлагање на изборите како што бара Зоран Заев, но за април, 2018-та година. Тоа значи поништување на договорот од Пржино, а министерчињата од СДСМ да се вратат онаму од каде што дошле. Владата на Република Македонија да продолжи да работи со полн капацитет во интерес на граѓаните на Република Македонија, рече Јакимовски.

Јакимовски: Момчето од Муртино кое аболициран криминалец и митаџија во истрага држи во заложништво два милиони граѓани
Јакимовски: Момчето од Муртино кое аболициран криминалец и митаџија во истрага држи во заложништво два милиони граѓани

После ова цела нација чека што ќе каже момчето од Муртино кое е 30 % човек, 30 % аболициран криминалец, 30 % митаџија во истрага, а остатокот ни самиот не знае што е. Држи во заложништво два милиони граѓани, го држи во заложништво целото стопанство кое трпи огромни штети и тоа во најтешка политичка и безбедносна ситуација кога врие и блискиот исток и Балканот и цела Европа. Нас СДСМ воопшто не не изненадува, тоа е партија која креира и опстојува врз основа на кризи, заклучи лидерот на ГРОМ.