Јакимовски: На власт дојде режим подготвен да продаде сè живо, само за подолго да владее

На власт дојде режим кој е подготвен да продаде сè живо, само за да може подолго да владее, порача на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ првиот човек на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

„Мора сите да застанеме заедно, да ги запреме овие во налудничавите идеи за Македонија, за тоа ќе ја имате поддршката на ГРОМ. Предавници имало и ќе има“, порача Јакимовски.

Падот е врзан за генетескиот код, да се сака земјата и народ, а не за погрешна политика. Тоа е гревот што се става на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на тие што ја водеа оваа влада, но таков грев не може да има. На власт сега дојде режим кој е подготвен да продаде сѐ само за да владее, рече Јакимовски.

„Сакам да му се заблагодарам на досегашниот претседател Никола Груевски, ‘криво седи право суди’. Тој покажа нов начин на менаџирање на владата, ние бевме сведоци дека е секојдневно на средби со граѓаните, дека отвора секој ден нови објекти, нема граѓанин кој не се офајди од оваа власт – дали се тоа пензионерите, администрацијата, 300-400 илјади луѓе кои ги легализираа домовите по едно евро. Скопје е поубаво од било кога. Лавот е најсилно суштество, но кога ќе му се соберат десетина хиени, ја напушта битката. Но хиените секогаш ќе бидат лешинари. Ние сме длабоко убедени дека и Груевски и соработниците ќе ја тргнат анатемата и во фер постапка ќе ја докажат својата невиност. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и сега дава придонес со овој потег за развојот на Република Македонија“, рече Јакимовски.

https://www.youtube.com/watch?v=dAowqbxH2c8