Јакимовски: Нема да соработуваме со СЈО

Јакимовски: Оваа политичка разрешница го открива вистинското лице на СДСМ

Партијата ГРОМ, Општината, и градоначалникот нема да соработуваат доколку СЈО побара соработка, а како аргументации ќе ги дадат истите кои ги дала специјалната обвинителка Катица Јанева, најави на денешната прес-конференција, претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

– Ако некој мисли да не заплашува со закани и апсења, воопшто не се плашиме, па нека дојдат и со корпус војска – ќе им се спротиставиме, рече Јакимовски.

Тој побара сите институции во Република Македонија од кои СЈО ќе побара соработка да одговорат во нејзиниот стил „подготвуваме свадба и чекаме Велигден“.

Смета дека таквото објаснување на Јанева со кое го одложила судењето на претседателот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Пуч“ е, како што потенцира, врв на неодговорност кон граѓаните, но и кон 4 милиони евра буџет кој тие го одвоиле од социјалата, од пензионерите, од болните…

Непочитување и несериозен однос кон судските органи, според него, покажуваат и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски која, како што рече, не почитува судска одлука, министерот за внатрешни работи кој апсел градоначалник без судски налог, а лидерот на опозицијата Зоран Заев одложувал судење за „Поткуп“ со изговор дека адвокатите му се во странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.