среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 41

Јакимовски: Опозицијата бара изговор за да ги ескивира и овие избори

Очигледно е дека пржинскиот договор е неуспешен ако и трет пат се одложат изборите, истакна Јакимовски при гостувањето во студиото на ТВ Нова.

stevche-jakimovski-640x385

Последни вести

Ние одамна сметавме дека парламентарни избори треба да има заедно со локалните на пролет, дури и порачавме на опозицијата дека нема бегање од локални избори, еден ден мора да се дојде, а тие се со закон утврдени, кажа Стевче Јакимовски при своето гостување во емисијата „Око“ на авторот и водител Горан Петревски.

– Не очекувам дека ќе има избори во декември затоа што СДСМ започна со вообичаените плачења во вакви ситуации. Очигледно дека опозицијата бара изговор за да ги ескивира и овие избори и Македонија да западне во нова агонија, рече Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ смета дека пржинскиот договор ќе биде неуспешен доколку и по трет пат се откажат парламентарните избори:

– Сметам дека пржинскиот договор беше желба на дел од меѓународната заедница во еден момент да ја стиши ситуацијата, сметајќи дека така само ќе ги продолжат проблемите и ќе се пронајде решение. Очигледно е дека пржинскиот договор е неуспешен ако и трет пат се одложат изборите, истакна Јакимовски при гостувањето во студиото на ТВ Нова.

stevce

Во вчерашното издание на емисијата „Око“ на Горан Петревски во фокусот беа претстојните избори закажани за 11 декември. Гости оваа недела беа Стевче Јакимовски, лидерот на ГРОМ и Иван Величковски, лидерот на Либералната партија.

Емисијата „Око“ на Горан Петревски се емитува премиерно секоја недела во 14 часот на фреквенцијата на ТВ Нова.

Најчитани вести