четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 53

Јакимовски: Оваа политичка разрешница го открива вистинското лице на СДСМ

За жал Македонија за оваа разрешница плати превисока цена а тоа е флагрантно кршење и газење по Уставот и суспендирање на правниот поредок на Македонија, посочи претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Јакимовски: Оваа политичка разрешница го открива вистинското лице на СДСМ

Поврзани вести

ГРОМ ја поздрави политичката разрешница, а градоначалникот на општина Карпош и претседател на партијата, Стевчо Јакимовски, подвлече дека полека се одмота клопчето на конструираната политичка криза во Македонија.

-За жал Македонија за оваа разрешница плати превисока цена а тоа е флагрантно кршење и газење по Уставот и суспендирање на правниот поредок на Македонија. Со тоа Македонија дефинитивно не е повеќе правна, туку политичка држава и граѓаните можеа да видат дека со политика може се. Да се гази по се, па дури и да се суспендира Устав на една меѓународно призната држава, подвлече Јакимовски.

СДСМ е една партија која што има еден висок политички куриозитет која што за 25 години по 4-ти пат успева од опозиција да влезе во власта без добиена поддршка на граѓаните и без добиена поддршка на избори.

-Оваа политичка разрешница го открива и вистинското лице на СДСМ и како што би рекла една позната црногорска поговорка “Не пада снијег да покрие брег веч да звејри оставе траг“ се покажа вистинското лице на СДСМ за што целиот овој циркус не беше за демократија во Македонија, не бе

Најчитани вести