Јакимовски: Оваа политичка разрешница го открива вистинското лице на СДСМ

ше за подигање на демократските капацитети на нашата држава и не беше да се работи за интересите на граѓаните како што тие се удираа во гради. Напротив изневерен е целиот граѓански сектор кој што даваше поддршка на опозицијата  и на целиот овој процес. Никаде не можеме да ги видиме експертите и никаде не можеме да го видиме граѓанскиот сектор и никаде не можеме да ги видиме оние кои што навистина требаше да се борат за интересите на граѓаните, туку се злоупотребени чесните намери на граѓанскиот сектор и НВО сектор а во министерските фотелји гледаме дека се вгнездија најистурените кадри на СДСМ , подвлече Јакимовски.

Она што нас не чуди, додава, е изјавата на идниот министер за внатрешни работи кој што вели дека тие учествуваат во работењето на Вадата за да ја контролираат Владата, а тоа значи дека тие влегуваат во Вадата за да вршат опструкции и да ја кочат работата. Тоа значи дека ќе продолжат штетите кои и се нанесуваат на Македонија како и во изминатите 8 месеци.

-За среќа крај на овие штети кои и се прават на Македонија и оваа агонија ќе дојде на 24 април на изборите кога граѓаните на Македонија ќе знаат да ги казнат оние кои во изминатите години направија огромна штета на угледот на Република Македонија и на внатрешните процеси. Но во исто време ќе ги поддржат оние кои што работат посветено за решавање на проблемите на граѓаните, додава тој.

Во овие 25 години во исконструирани приказни кога Македонија беше млада демократска држава во 1992 година без мнозинство на добиени гласови на избори СДСМ формираше Влада во 1994 година преку бојкот на избори, потсетува Јакимовски, СДСМ дојде до власт и во 2001 година граѓаните на Македонија беа исплашени од војната и ја поздравуваа секоја добра намера која што ја имаше за да се дојде до таа воена разрешница.

-Но денеска е очигледно дека имаме флагрантно кршење на интересите на граѓаните и на волјата на граѓаните затоа што изборните резултати покажуваат едно, анкетите на јавното мислење покажуваат убедливо водство на владејачката коалиција, а доаѓаме во ситуација каде што преку исконструирани афери  и како што реков со слушалки на уши може да се дојде до влез во Владата на Република Македонија, заклучува Јакимовски.