Јакимовски: Полицијата под водство на Заев насилно упадна во општината

На прес-конференција поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски обвини дека полицијата под водство на режимот на Зоран Заев денеска насилно упаднала во општината и во неговата канцеларија.

-Денес на моите колеги некој им се јавил и им рекол дека примопредавањето ќе се одржи денес во 13 часот и по тој повод моите колеги започнале да пакуваат се што се наоѓа во мојот кабинет. Неселективно вклучувајќи и пехари и благодарници, пијалак што значи апсолутно  неселективно, јас таму имам лични предмети на мое име и нормално дека треба да се одвои што е на општината, а што е на лично име и документи, како и фотографии бидејќи во оваа општина јас сум бил осум години. Ние можевме на лице место да ја видиме ефикасноста на нашата полиција под водство на режимот на Зоран Заев и можевме да се увериме како тие изминативе два дена не можат да ги најдат и не обавиле разговор со оние кои што сакаат да не колеа вечерта на изборите, туку денеска ефикасно дојдоа вклучувајќи и алфи и забранија влез во општината за да потоа дојдат инспекторите од стопански криминал и констатираат дека ние раздвојуваме што е лично, а што општинско и ништо повеќе од тоа, луѓето се насмеаја и си заминаа, вели Јакимовски.

Тој вели дека ова е уште еден блам на СДС и за нејзиното непознавање на локалната самоуправа.

-Сите документи и се она што е битно за локалната самоуправа се наоѓа во архивата, а згора на тоа општината има електронска архива и ништо такво не може да се наоѓа кај градоначалникот.