Јакимовски: Постои црно сценарио што сака да го спроведе некој од надвор

Очигледно дека постои одредено црно сценарио и евидентно е дека тоа сценарио се труди да го направи некој од надвор.

Ова го истакна претседателот на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ, Стевчо Јакимовски во гостувањето на вестите на Канал 5.

– Кога ќе направите анализа ќе видите дека е многу сличен на останатите портокаловите револуции,  кои се направени во светот како Украина или Блиски Исток и очигледно дека некој на таков начин се труди да дојде на власт во Република Македонија, со тоа што се труди да вовлече се што е деструктивно во тоа сценарио. Но јас сум убеден и дека во Македонија има граѓани кои имаат незадоволство, но не се подготвени да влезат во партиски бои и да ги водат партиски лидери, или пак да ги водат оние лидери кои што се склони кон деструкција и кон создавање хаос во република Македонија.

Тој истакна дека Македонците се далеку од заплива маса. Подвлече дека во 1991 и 1999 и 2001 покажаа смиреност и стабилност во вакви ситуации и додаде дека е максимално убеден оти ќе го осудат насилно соборување на власта.

-Сакам да ги потсетам дека тие што заговараат вакво сценарио, дека портокаловата револуција не завршува со една портокалова револуција. На една портокалова имаше и друга, имавме Мајдан па сега се спрема друг Мајдан. Оние кои во Египет го соборија Хосни Мубарак, па дојде Мохамед Морси, сега Морси е во затвор. Една револуција не завршува само со една, таа потоа носи нова револуција и ново незадоволство, подвлече тој.