Јакимовски: Повеќе ниту милиметар, не смее да му се попушти на Заев – избори на 5-ти јуни

Лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски денес, пред медиумите излезе со ставот на партијата повод најновите нелогични барања на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Денеска сме сведоци на нови неболузи од господинот Зоран Заев и СДСМ кои веројатно можеме да ги сместиме во рубриката  „Верувале или не“. Овој пат, тој им поставува услови на целата Меѓународна заедница и на комплетниот политички естаблишмент во Република Македонија. Тоа што тој поставува нови барања,  нас воопшто не нѐ чуди, како и тоа што ваквите работи ги толерира дел од Меѓународната заедница како и одредени амбасадори, но, во ниеден случај не можеме да разбереме како и натаму го толерираат останатите потписници на Пржинскот договор.

Претседателот на ГРОМ Јакимовски им се обрати на лидерите на трите големи партии, со порака да не подлегнуваат на нелогичните барања на опозицискиот лидер и им посочи дека судбината на граѓаните на Република Македонија се наоѓа токму во нивни раце.

Дали сте свесни дека треба да преземете одговорност и дека со попуштањето на Г-дин Заев тонете и вие кака политичари, но тоне  и цела Република Македонија.

Првиот човек на ГРОМ го пренесе ставот на партијата за моменталната политичка состојба во државата кој смета дека мора да има избори на 5-ти јуни.

ГРОМ смета дека повеќе ниту милиметар, не смее да му се попушти на Зоран Заев. Сметаме дека треба да одиме на избори на 5-ти јуни, и ако тој не е подготвен да оди на овие избори, како што вели тој, ако не му е чист избирачкиот список, да оди и да го праша Чичаковски, зошто тој не го исчистил списокот. Ако медиумите му се нерегулирани, тогаш нека си го прочита Изборниот закон, таму се до детал регулирани медиумите. И конечно ако не е подготвен да настапи на избори, ништо страшно, не е крај на светот. Тоа значи дека тој и неговата партија треба да се подготвуваат за нови избори. Но, натаму да ја држи во заложништво Репувблика Македонија, тоа е аполутно недозволиво.

Претседателот на ГРОМ апелираше до останатите тројца потписници на Пржинскиот договор повеќе да не попуштаат бидејќи во таква ситуација се доведуваат во смешна положба како лидери на трите главни политички партии во Република Македонија и дека нивниот збор не вреди ниту „пет пари“.