Јакимовски: СДСМ бега од квалитетни и аргументирани дебати

СДСМ  бега од квалитетни и аргументирани дебати. Ова го тврди лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој во гостувањето на ТВ Нова, Јакимовски наместо да спротивстави мислење со политички неистомисленик, во конкретниот случај, Петре Шилегов, остана сам на столчето за дебата.

Мене ме зачудува тоа што опозицијата бега од квалитетни дебати. Силни се аргументите со кои што зборувам и секогаш настојувам да зборавам аргументирано. Јас сакам да кажам дека секогаш кога ќе поканите некој од ГРОМ секогаш ќе имате претставник од нашата политичка партија. Со ова очигледно е дека СДСМ сака да избега квалитетни и аргументирани дебати и дека настојуваат да ја пласираат и да се обидат да ја пласираат само нивната вистина што очигледно кај граѓаните на Македонија не проаѓа, подвлече Јакимовски.

Јакимовски подвлече дека е лесно да се боксува со боксер од „мува“ категорија, но е многу тешко да се боксува со боксер од „тешка“ категорија.