Јакимовски: СДСМ не сака слобода, туку свои медиуми кои ќе и го кренат нискиот рејтинг

Лидерот на ГРОМ и поранешен висок функционер на СДСМ, Стевчо Јакимовски при гостувањето во 24Вести истакна дека СДСМ не се бори за слобода на медиумите, туку за медиуми кои ќе ја промовираат нивната вистина.

Тоа не е во интерес на граѓаните и тоа нема да бидат промени во интерес на вистината. СДСМ се обидува да направи промена во медиумите со интерес што е можно повеќе простор да зграби за себе.

Измените во ДИК се стари трикови на СДСМ со кои сакаат да се добие во време. Или оставки си поднесуваат или користат други трикчиња затоа што е јасно дека во наредните четири месеци, СДСМ што сака и да прави, не може да го крене рејтингот за да може да го победи ВМРО-ДПМНЕ затоа што сите анкети покажуваат дека владејачката коалиција убедливо води во однос на опозицијата, рече Јакимовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.